Регион 30. август 2020. / 16:16

Грција бележи постојан раст на заболени , денеска има 177 и еден починат

Грција бележи постојан раст на заболени , денеска има 177 и еден починат

Од почетокот на месецов , Грција бележи постојан раст на бројот на заболени со коронавирус.

Во последните 24 часа ,се забележани 177 новозаболени , а едно лице починало. Сепак , денешниот број на заболени е понизок од оној вчера , кога имало рекордни 269 заболени и пет починати , како и завчера со 251 и 6 починати.

Ниту во четвртокот состојбата не била подобра , со 293 новозаболени и шест починати лица. Меѓу заболените имало и десетина туристи.

Според здравствените власти , вкупниот број на заболени изнесува 9977 лица , починале 260 , а оздравеле 3804 лица.