Регион 17. јули 2020. / 12:58

Грција бара итен договор на Самитот на ЕУ за Фондот за закрепнување

Грција бара итен договор на Самитот на ЕУ за Фондот за закрепнување

Пред почетокот на денешниот самит на ЕУ, на вчерашниот состанок на Европските народни партии, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истакна дека е неопходно итно да се постигне договор на европско ниво за Фондот за закрепнување.

Мицотакис потенцира дека не постои апсолутно никаква причина зошто да не се постигне договор на овој Самит.

Не треба да ја загубиме големата слика, а големата слика е дека сме соочени со најголемиот економски пад по Втората светска војна. Можеби неопходни се некои компромиси, но треба да бидеме сигурни дека ќе постигнеме амбициозно решение, бидејќи нашите граѓани не очекуваат ништо помалку од нас – изјави Мицотакис по пристигнувањето во Брисел.

На вчерашниот Самит на Европските народни партии, грчкиот премиер, го карактеризирал предлогот на ЕК за грантови и можни заеми како симболичен.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, на брифинг со новинаритеинформира дека позициите на Грција се базирани на три оски: да се задржи висината на помошта предложена од Европската комисија; да се задржи предложениот сооднос од ЕК за грантови и заеми, така што главниот дел на помошта да се грантови, а не заеми и трето, да не бидат потребни дополнителни специјални услови за помош преку Фондот за закрепнување, освен оние што веќе се предвидени во Договорот за стабилност и развој.

Пецас рече дека за време на телефонскиот разговор на грчкиот премиер со претседателот на Европскиот совет во понеделникот, а во пресрет на денешниот Самит, Мицотакис на Мишел му ги повторил грчките позиции и истакнал дека „по завршувањето на Самитот не треба да се вратиме во нашите земји без взаемно прифатено решение“.