Хотелиерите во Грција денеска за медиумите изјавија дека им се благодарни на бугарските туристи, јави БНР.
Стотици Бугари се на одмор во северна Грција и покрај мерките заради коронавирусот, а дел од бизнисот нуди дури и бесплатно сместување за привлекување туристи.
Повеќето Бугари кои пристигнаа вчера резервираа одмор од три до пет дена на Халкидики. Цените за септември се пониски од минатата година.
Од островот Тасос, туристичките агенции информираат дека бугарските и романските туристи пристигнуваат со резервации најмалку за една недела. Нема појава на коронавирус на островот и се применуваат само мерења на далечина и носење заштитни маски во затворен простор.
За Халкидики сè уште е задолжително да се носи маска надвор, а важи и забрана за собирање групи луѓе.