Писма со сомнителна индустриска супстанца, наменети за грчките факултети биле пресретнати од полицијата.
И овие писма се исти како и претходните 32 испратени од истата адреса во Индија.
Писмата биле најдени во поштите во Пиреја, Спарта, Kаламата, Триполи, додека петтото веќе стигнало во Технолошко – образовниот институт во Лариса. Писмата се однесени на хемиска анализа.
Грчките специјалци за антитероризам се ангажирани во наоѓање на испраќачот.