Регион 08. октомври 2018. / 18:58

Грчкиот врховен суд ќе истражува за злоупотреба на еврпските фондови за мигрантската криза

Грчкиот врховен суд ќе истражува за злоупотреба на еврпските фондови за мигрантската криза

Врховниот суд на Грција денеска почна истрага за можна злоупотреба при управување со европски средства, дадени на земјата за справување со мигрантската криза 2015-2016 година.

Истрагата, која досега беше „предистражна“, е доверена на финансиското обвинителство, според извор од суд.

До истрага дојде по серијата написи во проопозициските медиуми, за лошо управување и можно пренасочување на европските фондови од страна на владата.