Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија „Оназис“ во Атина, поради висока температура предизвикана од вирус, за да му се направат дополнителни испитувања, објавија грчките медиуми.
Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат“.
Според неговата програма откажани се состаноците со еврокомесарот надлежен за здравство и
Безбедност на храна г-ѓа Стела Киријакиду, со Управниот одбор и претставници на Панхеленската федерација на сопственици на недвижнини и со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан бин Абдула Ал Сауд