Од полноќ на 3 јули, среда, грчките морнари ќе штрајкуваат 24 часа.
Панелинската федерација на морнари (ПНО) објави национален штрајк од 00.01 до 24 часот на 3 јули (среда) 2019 година. Постојаните активности ќе опфаќаат поморски транспорт, вклучувајќи бродови и фериботи.
Се препорачува за оние кои престојуваат или патуваат во Грција, да се информираат однапред за распоредот на поморските средства и можните алтернативни врски со други начини на транспорт.