Регион 21. јануари 2021. / 15:58

Грчката влада се надева на соработка со новата администрација на Бајден

Грчката влада се надева на соработка со новата администрација на Бајден

Грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу, грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, преку нивните официјални Твитер профили, упатија честитки до новиот претседател на САД, Џо Бајден и потпретседателката, Камала Харис и изразија надеж за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу двете земји и двата народа, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека се надеваат на соработка и интензивно присуство на САД во регионот и додаде дека Бајден е „претседател на САД кој одлично ги познава прашањата поврзани со регионот”.

– Владата му честита на новиот претседател на САД Џо Бајден и јасно е дека сака дополнително да ги продлабочи билатералните односи во корист на двете земји и на двата пријателски народа, како и да обезбеди мир и стабилност во нашиот регион, рече Тарандилис.