Регион 01. март 2020. / 14:50

Грчката Влада праќа СМС пораки до мигрантите дека не можат нелегално да ја преминат границата

Грчката Влада праќа СМС пораки до мигрантите дека не можат нелегално да ја преминат границата

Грчката влада со СМС пораки ги информира мигрантите дека не можат нелегално да ја преминат грчко-турската граница. Мигрантите што пристигнуваат на границата  добиваат СМС порака да не се обидуваат нелегално да ја поминат грчката граница затоа што максимално е зголемена граничната безбедност, брифираат извори од грчката Влада.

Од Република Грција: Грција го зголемува нивото на гранична безбедност до максимум. Не се обидувајте, нелегално да ја поминете грчката граница – гласи СМС пораката, на англиски јазик што веќе била испратена до илјадници лица.

Според истите извори, грчката Влада ги користи сите средства што ѝ се на располагање за да ги информира луѓето кои поттикнати од лажни вести се движат или се концентрираат на одредени точки на границата со Грција.

Во овој контекст, ја користат можноста да испраќаат пораки за да се информираат насобраните групи.