Регион 17. април 2020. / 20:00

Грчката влада ги информира граѓаните за мерките за Ковид-19 преку „Вибер“

Грчката влада ги информира граѓаните за мерките за Ковид-19 преку „Вибер“

Добредојдовте во официјалната заедница на грчката Влада. Овде можете навремено и точно да се информирате за сите случувања поврзани со корона вирусот во нашата земја: за текот, мерките што ги презема владата, начините за ограничување на ширењето на вирусот – пишува на почетокот од групата формирана од грчката Влада на апликацијата за комуникација „Вибер“.

Групата е во функција од вчера, а веднаш по редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, членовите на групата добија информации за последните податоци поврзани со корона вирусот.

Иницијативата е во рамките на проектот „Дигитална солидарност“ на Министерството за дигитално управување на Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку неговиот официјален „Твитер“ профил рече дека целта на групата е брзо и точно информирање на граѓаните.

Остануваме дома. Остануваме информирани – напиша Мицотакис.