Регион 17. јуни 2018. / 17:10

Грчката полиција употреби солзавец, штитови и палки против налетот на грчките демонстрати

Грчката полиција употреби солзавец, штитови и палки против налетот на грчките демонстрати

Шок бомби и солзавци не беа доволни да се разбие кордонот од демонстранти кои во повеќе наврати се обидоа да го пробијат живиот штит од полицијата која на патот кон селото Нивици, кои протестираа против договорот за името во Грција, откако тој беше потпишан во Псарадес (Нивици). Грчките медиуми објавуваат дека ситуацијата е тензична, и заради безбедност од местото на протестите биле евакуирани жените и децата.

Во немирите полицијата уапсила 8 демонстранти. Селото Нивици го чуваат вооружени полицајци, а специјални сили има и на македонска страна. Но поголеми проблeми има грчката полиција, која се судри со грчки неонацисти и националисти при нивниот обид да дојдат во селото Нивици. Групата граѓани, главно десничари, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон употребувајќи сила. Демонстрантите фрлале дрва и камења по полицијата, а таа одговорила со солзавец.

Вчеравечер во Атина исто така имаше протести поради Договорот. Грчката полиција употреби солзавец и заслепувачки гранати за да ги растера демонстрантите кои фрлаа камења и шишиња пред парламентот. Протестите се одвиваа додека во зградата на парламентот се расправаше за гласање за доверба на владата на Алексис Ципрас. Барањето да се изгласа недоверба го достави опозициската Нова Демократија но Владата на Ципрас го преживеа гласањето.

Инаку потпишувањето на договорот предизвика револт и во двете држави каде со денови се одржуваат протести. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест во Битола додека целата измината недела граѓани се собираа пред Собранието во Скопје во знак на револт обвинувајќи ја власта за предавство.

Сличен став имаат и грчките демонстранти кои се гневни на нивната власт бидејќи признала македонска националност и име.