Грчката полиција уапсила седум луѓе осомничени за планирање или извршување напади врз мигранти на островот Лезбос.
Полицијата соопшти дека петмина грчки државјани и двајца странци, на возраст меѓу 17 и 24 години, биле уапсени пред Центарот за миграција во Морија, најголемиот камп за баратели на азил на грчките острови.
Властите трагаат по уште две малолетни лица.
Повеќе од 19.400 мигранти живеат во кампот Морија, каде што има место за околу 2.800 луѓе.
Пренатрупаноста и тешките услови во кампот доведоа до зголемени тензии на островот, како кај локалното население, така и кај жителите на кампот.