Регион 18. ноември 2019. / 15:44

Грчката крајбрежна стража спасила 650 мигранти

Грчката крајбрежна стража спасила 650 мигранти

Грчката крајбрежна стража во текот на викендот спасила 658 бегалци и мигранти во 20 различни акции во источниот дел на Егејско море.

Во истиот период на неколку грчки острови во гумени чамци пристигнале нови 730 мигранти.

Агенциите наведуваат дека меѓу островите Стогили и Кос, крајбрежната стража организирала две потери по шверцери на мигранти, во кои имало и размена на оган.