Регион 18. февруари 2021. / 10:24

Граничниот премин Евзони повторно отворен од утринава

Граничниот премин Евзони повторно отворен од утринава

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека според информациите добиени од Република Грција од 05.30 часот утринава(18.02.2021) Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез), информира МВР.

Граничниот премин беше затворен поради штрајк на грчките цариници од 05.00 часот на 17.02.2021 година.