Регион 20. мај 2018. / 17:16

Градоначалникот на Солун претепан од националисти (ФОТО)

Градоначалникот на Солун претепан од националисти (ФОТО)

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис е хоспитализиран откако бил нападнат од националистички екстремисти кои му нанеле повреди на главата, рацете и нозете, пренесе МКД.мк.

Претседателката на Градското собрание Калипсо Гула рекла дека Бутарис присуствувал на комеморацијата на таканаречениот „Понтски геноцид“, за убиствата на етничките Грци извршени од страна на Турците за време на Првата светска војна и грчко-турската војна што потоа следела.

Гула наведе дека повеќе од десет луѓе му пришле на 75-годишниот Бутарис и му рекле да го напушти настанот, пред да биде нападнат со шишиња. Бутарис е познат по својот силен антинационалистички став.

Според нејзините зборови, градоначалникот паднал и добил повеќе удари во главата и нозете. Таа додаде дека присутните ги исвиркале политичарите за време на службата во црквата, пренесе Екатимерини.