Доколку во некоја општина анализите покажат дека воздухот е загаден повеќе од дозволеното градоначалниците на соседна Бугарија ќе добијат парична казна од 2 500 до 5 000 евра, стои во Законот за чистота на атмосферскиот воздух. Градоначалниците имаат рок од една година да го намалат загадувањето.
Доколку тоа не се случи, ќе следуваат казни, а истите казни ќе следат и за домаќинствата кои со несоодветен материјал за греење ќе допринесат за зголемување на штетните материи во воздухот.