На 800 локации ширум Белград ќе бидат поставени преку 1.000 безбедносни камери за надзор со чија помош полицијата ќе контролира и ќе казнува возачи за возење со прекумерна брзина, минување на црвено светло и возење по „жолта лента„.
Овој заеднички проект на полицијата и Градот Белград има за цел да придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, но и да ги спречи дрските и агресивни шофери, коишто не ги почитуваат прописите, пишува „Вечерње новости“.
При почнувањето на реализацијата на овој проект, од полицијата соопштија дека контролата на почитувањето на семафорската сигнализација најпрво ќе се спроведува во близина на училиштата, додека контролата на пречекорување на брзината ќе биде засилена на мостовите и булеварите.
Новите камери ќе овозможат да бидат казнети ннесовесните возачи без присуство на сообраќаен полицаец, туку казните ќе стигнуваат на домашна адреса.