Младо момче во Србија е убиено поради девојка.
23-годишниот Жељко Пантелиќ е убиен во Белград до Основно училиште, поради девојка.
Српскиот Блиц дознава дека за убиството е осомничен 21-годишниот Марко С., а приведено е уште едно момче кое присуствувало на злочинот и не го пријавило.
Момчињата се скарале за девојка со која двајцата биле заедно, а девојката поради која настанала драмата се обидела да се самоубие со скок од втори спрат. Скршени и се нозете, но не е во животно загрижувачка состојба.