Регион 25. јануари 2019. / 12:21

Голема полициска акција во Словенија уапсени дилери и макроа

Голема полициска акција во Словенија уапсени дилери и макроа

19 лица досега се испитани од страна на полицијата на Словенија, која на повеќе локации низ земјата спреведува рации против синџирот на проституција, објавија тамошните медиуми.

Националното истражно биро, полицискиот оддел против организиран криминал, во соопштението за печатот наведе дека лица кои биле испитувани се државјани на Словенија и Романија.

Против нив и една регистрирана фирма во која е извршен и претрес се води кривична постапка за злоупотреба, проституција, експлоатација, производство и продажба на дрога.

Осум осомничени се уапсени, шестмина од нив сé уште се наоѓаат во притвор, објави „Хина“.

Според водечките словенечки медиуми, ова е еден од најголемите случаи на организирана проституција во Словенија досега.