Регион 18. декември 2019. / 10:20

Голема полициска акција во БиХ против дилери на дрога и оружје, уапсени најмалку 20 луѓе

Голема полициска акција во БиХ против дилери на дрога и оружје, уапсени најмалку 20 луѓе

Најмалку 20 луѓе се уапсени во утринската операција од полицијата во БиХ, во потрага по осомничени за злоупотреби на дрога и недозволено поседување оружје и муниција.

Полициски екипи од кантонот Зеница-Добој започнале претреси на 31 локација на подрачјето на Маглај, Завидовиќи и Тешањ, а досега се уапсени 20 луѓе, објави „Независне“.

Тоа е продолжение на полициската акција наречена „Мрежа III“.Според локални медиуми, акцијата се уште трае.