Регион 31. декември 2019. / 18:00

Гламурозен дочек на Новата Година на плоштадот Синтагма во Атина

Гламурозен дочек на Новата Година на плоштадот Синтагма во Атина

Грците, но и туристите кои овие денови се во грчката престолнина, вечерва ќе имаат можност Новата Година да ја дочекаат на плоштадот Синтагма, а од општина Атина најавуваат „најгламурозна новогодишна ноќ досега“.

Забавата со познати имиња од грчката музичка сцена, ќе почне во 22 часот по локално време, а од општината соопштуваат дека граѓаните ги очекува аудиовизуелно шоу со многу музика, добро расположение, танцување, светла и огномет.

Новиот атински градоначалник Костас Бакојанис од бината ќе го одброи пристигнувањето на 2020 година.

Групата Мелисес и пејачките Иви Адаму, Деми и Жозефин кои што се многу популарни музички имиња во Грција, ќе се погрижат граѓаните да поминат незаборавна новогодишна ноќ.

Популарната грчка група, парите за учеството на новогодишниот концерт ќе му ги отстапи на Центарот за прием и солидарност на општина Атина.