Мило Ѓукановиќ смета дека Црна Гора мора да има сопствена православна црква како би го зацврстила својот национален идентитет и би се спротиставила на мешањето на Србија.
Тој смета дека Белград ја користи СПЦ како би се мешале во внатрешните работи на Подгорица.
Ѓукановиќ смета дека СПЦ е еден од „важните инструменти кои ги користат идеолозите на национализмот за голема Србија против Црна Гора, против нејзината независност, нејзиниот национален, културен и верски идентитет“.
Водени сме од неоспорната потреба да ја усовршиме духовната, друштвена и државна инфраструктура како би ја зајакнале свеста на граѓаните за сопствениот идентитет, рече Ѓукановиќ и додаде дека во Црна Гора треба да постои автономна Православна црква која би ги собрала сите православни верници, „како на припадниците на српската така и на припадниците од црногорска националност.
Законот за слобода на вероисповед кој е усвоен на крајот од декември предвидува државата да преземе контрола над имотот за кој верските заедници не можат да докажат дека им припаѓа пред 1918 година. Таа година Црна Гора ја изгуби својата независност и се интегрираше во состав на Кралството на Срби, Хрвати и Словени.