Регион 20. јуни 2018. / 18:40

Гиро 4 евра, пица 12 – Ова се цените летово во Грција

Гиро 4 евра, пица 12 – Ова се цените летово во Грција

За сите кои решија ова лето да го поминат на плажите во Грција и да уживаат во водата, плажите и сонцето, ова се цените на производите таму, според пишувањето на Грчкаинфо.ком.

Лебот се движи до 1 евро и 20, додека млекото од евро до 2.50.

Литар масло е од 1.6 до 1.9 евра, додека тестенините се евро до две, а јогуртот од 2-4 евра.

Фета сирењето е околу 5 евра.

Кашкавалот се движи од 3 до 4 евра, саламата од 7 до 16 во зависност од производот.

Мајонез е 3-4 евра, сенф 1-2, додека кечап 2-4 евра.

Цените на гирото се од 2 до 4 евра, сувлаки од 2 до 2.50, пица од 5 до 12.

Рибата во зависност од висот е од 6 до 60 евра.

Пивото е 3 – 4 50 евра, а коктелите од 7 до 10 евра.

Флаширана вода е од 0.50 до 1 евро.