Поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на својот Фејбук профил ги искритикува властите на Косово оти не поканија македонска делегација на прославата 20 години од влегувањето на НАТО- трупите односно од „денот на ослободувањето на Косово од српската власт“.
Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.
– На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива. А потоа ни вратија со воена агресија. – напиша Георгиевски.