Регион 30. мај 2018. / 22:34

Генерален штрајк во Грција, сите на улица

Генерален штрајк во Грција, сите на улица

И покрај противењето на поголемиот дел од јавноста, премиерот Алексис Ципрас во 2015 година го потпиша тековниот пакет-помош кој истекува сега во август.
Неговата влада се согласила со барањата на кредиторите во 2019 и 2020 година дополнително да ги намали пензиите и зголеми даноците, но вети дека потоа повторно ќе воведе колективни преговори и зголемување на минималната плата, пренесува ‘Екатимерини’.

Авионите се приземјени, бродовите не испловуваат, јавниот превоз е нарушен за време на еднодневниот генерален штрајк, кој е организиран од најголемите грчки синдикати. Работници, пензионери и студенти ќе поминат низ центарот на Атина. На туристите им се препорачува своето патување за Грција да го планираат за еден до два дена подоцна.

Странците кои се затекнале во Грција, велат дека посложен народ немаат видено.