Илјадници синдикалци денеска излегоа на марш во центарот на Атина , во знак на револт поради намалувањето на платите и пензиите.
Во генерален штрајк стапија членовите на најголемиот синфикат во Грција , во кој членуваат вработените во јавниот сектор . Поради штрајкот не работеше јавниот превоз во Атина , а во заттој беше и бродскиот сообраќај меѓу островите.
Штрајот го организираше ГСЕЕ , во кој членуваат вработените во приватниот сектор , а му се приклучија и синдикатите од повеќе гранки на јавниот сектор , како што се транспортните работници. Тие излегоа на марш низ улиците на Атина до зградата на Парламентот , каде бараа да се вратат платите и пензиите на нивото пред воведувањето на економските мерки.
Официјално , Грција во август излезе од должничката криза , но мерките и натаму се на сила. Синдикатите бараат Владата да ги врати надоместоците , како што е тринаесеттата плата , како и пензиите на поранешното ниво , пред воведувањето на санкциите.
Вчера штрајкуваа и медиумите , како најава за денешниот генерален штрајк.