Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави утрово дека Гана го повлекла признавањето на независноста на Косово.
Гана е 16-та земја која го повлече признавањето на Косово од јануари 2012.
Дачиќ за ТВ Прва рече дека минатиот викенд стигнала нота од Министерството за надворешни работи на Гана во кое се наведува дека таа земја го повлекува признавањето на Косово.
„Таа е досега најголема земја кој тоа го направи, има 30 милиони жители, три пати е поголема од Србија. Гана беше и традиционален пријател на Југославија“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека до крајот на годината очекува уште повлекувања на признавањето на Косово.