Регион 14. март 2021. / 19:30

(ФОТО) Вучиќ во Бахреин јадеше месо од камила и јагнешко печено 8 часа

(ФОТО) Вучиќ во Бахреин јадеше месо од камила и јагнешко печено 8 часа

Медиумите во Бахреин објавија снимка од посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ .

Вучиќ на Инстаграм објави и фотографија од празникот што беше подготвен во негова чест во Бахреин.

– На маса беа арапски специјалитети – јагнешко месо подготвено осум часа, месо од камила, хумус, табула … доволно за да се направи последната вечер под шаторот во пустината Бахреин спомен за цел живот – рече Вучиќ.

Вучиќ му се заблагодари на шеикот Насер бин Хамад ал-Каиф за „овозможувањето да ги запознаеме најубавите обичаи на оваа земја“.