Регион 13. јуни 2020. / 08:45

(ФОТО) Во Тирана слета првиот чартер авион со странски туристи

(ФОТО) Во Тирана слета првиот чартер авион со странски туристи

Во Албанија пристигнаа првите туристи оваа сезона, со што официјално се означи отворањето на земјата по пандемијата на Ковид-19.

На меѓународниот аеродром во Тирана, слета авион на компанијата „Белавија“ со 198 туристи од Белорусија.

Ова е прв чартер лет во Европа, многу добро е што почнаа од Албанија. Тоа се туристи од Белорусија, а очекуваме и од Украина, Полска и другите балтички земји за да имаме стабилна сезона во Албанија – изјави министерот за туризам Бленди Клоси, заблагодарувајќи се на компанијата што се согласила да има три чартер летови неделно во Албанија.

Аеродромот во Тирана функционираше и за време на пандемијата, но само за летови со граѓани затекнати во други земји и хуманитарна помош, а не и за туристи.

Албанија во моментов има отворени граници со сите земји во регионот, а е затворена за другите европски земји до први јули, кога Унијата ќе донесе друга одлука врз основа на епидемиолошката состојба со корона вирусот.

Во понеделник, на 15 јуни ќе се реализира и првиот авиолет Тирана-Атина.

Поради пандемијата, Албанија на 10 март го прекина авионскиот и поморскиот сообраќај кон сите земји.