Регион 11. јули 2019. / 09:17

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме го погоди Халкидики – загинаа туристи

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме го погоди Халкидики – загинаа туристи

Шестмина туристи, меѓу кои две деца загинаа во силното невреме коешто го зафати северниот дел на Грција синоќа, на познатите туристички места во Халкидики.

Во невремето настрадаа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се урнал покрив во таверна во местото Неа Плагија. Меѓу загинатите се и двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.

Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, а причинета е и голема материјална штета. Грчката крајбрежна служба од вчера попладне трага по рибар, кој со неговиот чамец исчезнал во морето.

Прекинато е и снабдувањето со електрична енергија во најпогодените делови на Халкидики.

Грчката противпожарна службадобила над 600 повици за помош, а интервенирано е во 235 случаи за спасување и за отстранување на паднати дрвја.