Регион 05. декември 2019. / 18:30

(ФОТО) Тројца завршија во болница по пожар во хотел во Атина

(ФОТО) Тројца завршија во болница по пожар во хотел во Атина

Tри лица со сериозни проблеми со дишењето поради густиот чад се пренесени во болница по пожарот што изби во хотел Атина. Дваесет други биле евакуирани со помош на противпожарната служба.

Според медиумите во Грција, пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а густиот чад брзо се проширил и стигнал до последните катови, а се создала и паника меѓу гостите и вработените.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека пожарот е ставен под контрола.