Регион 14. јули 2019. / 18:38

(ФОТО) Снег заврна во Бугарија

(ФОТО) Снег заврна во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс на својата Фејсбук страница.

Тивко врне јулскиот снег. Мусала е облечена во бело, напишаа Метео Балканс.

Ова е невообичаено за овој период од годината.

На Балканот се случувало да падне снег во април, во мај, но ова е навистина реткост.