Регион 04. февруари 2020. / 14:07

(ФОТО) Словенија ја доби првата џамија

(ФОТО) Словенија ја доби првата џамија

Работите на Исламскиот културен центар со џамија во Љубљана се завршени и во јуни ќе биде официјално отворен, потврди верскиот водач на Исламската заедница во Словенија, Невзет Пориќ.

Објектот, кој се отвора педесет години откако пристигнале првите барања за изградба се простира на 13 илјади квадратни метри. Базата на оваа верска градба е коцка висока 24 метри со минаре високо 40 метри.

Изградбата на објектот чини 34 милиони евра

Изградбата на објектот чини 34 милиони евра, од кои 28 милиони ги дала државата Катар. Верскиот објект може да прими 1400 луѓе, а тука се и пет помошни објекти, како едукациски центар со библиотека, ресторан, кошаркарско игралиште.

Градежните работи се завршени, официјално ќе биде отворена во јуни

Како што пишува Франс прес, проблем биле десничарските групи на кои им сметал фактот што изградбата на џамијата ја финансира Катар. Заради тоа, на градилиштето доаѓаше до инциденти, како оставање на свински глави и крв.

Се проценува дека во Словенија има околу 80 илјади муслимани, односно 2,5 отсто од вкупната популација, што ја прави втора најголема верска група во земјата.

– Словенија е последна земја од поранешната Југославија која добива џамија, што ја прави европска престолнина, а не провинција на крајот од светот, порача Неџаф ефенди Грабус, верски водач на муслиманите во Словенија.