Регион 23. ноември 2019. / 16:12

(ФОТО) Омилените плажи на Македонците во Грција се како „бомбардирани“ од невремето

(ФОТО) Омилените плажи на Македонците во Грција се како „бомбардирани“ од невремето

Делегација на Владата на Грција која ја предводи министерот за одбрана Никос Панајотопулос од утринава е на Халкидики за да ја утврди штетата од поплавите во последните 24 часа на тој полуостров и на блискиот остров Тасос.

Од невремето штета има на земјоделските површини и во некои села, пренесуваат грчките медиуми. Во осум селски месни заедници на југот од Тасос и во две општини во Кавала, на копно, синоќа било прогласена вонредна состојба.

Поплавени се селските улици и локалните патишта, а ветерот однел и неколку паркирани автомобили.

Пожарникарите синоќа ги евакуирале жителите во еден дел од Тасос, на 17 места испумпувале вода од подрумите и отстранувале паднати дрва на патиштата.

Катимерини утринава објави и фотографии од плажите на Халкидики и Тасос кои изгледаат „како бомбардирани“.