Со помош на специјални нуркачи во Солун продолжи втората фаза за чистење на морето во делот околу шеталиштето, при што беа извлечени дваесетина електричен тротинет кои ги фрлиле несовесни граѓани.
Освен тротинетите во морето биле пронајдени и два мотори, како и велосипеди и куфери.
Станува збор за електрични тротинети за изнајмување кои на граѓаните и туристите во Солун и Атина им стојат на располагање за нивните прошетки.
Ова е вториот дел од акцијата на општина Солун за чистењето на морето, а во првата фаза, на копно беа собрани околу 50 електрични тротинети.
Заменикот градоначалник на Солун надлежен за животна средина, Сократис Димитриадис за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека најважно е да бидат пронајдени и уапсени тие што ја предизвикуваат мини еколошката катастрофа во морето, бидејќи хемикалиите што ги испуштаат батериите од електричните тротинети, се најлошиот отпад.