Регион 07. јули 2019. / 15:43

(ФОТО) Хорор во Србија: Ѕверски убиле старица па ја запалиле

(ФОТО) Хорор во Србија: Ѕверски убиле старица па ја запалиле

На 20. јуни во близина на викенд-населбата Бресквик, кај Крченда, јагленисаното тело на 81-годишната Мајда Г. е најдено, а две лица се осомничени и уапсени во саботата.

Полицијата синоќа соопштила дека се уапсени 25-годишната Ј.Ш. поради потоење основи за сомнение дека извршила кривично дело убиство и 21-годишниот М.. поради постоење сомнение дека помогнал во извршувањето на делото.

Полицијата се сомнева дека Ј.Ѓ меѓу 15 и 19 јуни ја усмртила старицата, а потоа телото со автомобил го пренела во викенд населбата кај Крченда и го запалила во контејнер. Исто така постои сомнение дека М.Д. ѝ помогнал на осомничената да ги прикрие трагите.

Новосадскиот институт за судска медицина утврдил дека старицата чие тело било јагленисано, прво била брутално убиена, па запалена.

Поедини мештани за Курир.рс, кажале дека на лешот кој бил пронајден му биле отсечени рацете и нозете. Навеле дека телото на жената било запалено без раце. Се верува дека убиецот тоа го направил за да биде потешко откривањето на идентитетот на жената.

На 20. јуни еден од мештаните го забележал превртен контејнерот од кој се гледало јагленисано тело.