Регион 15. декември 2018. / 19:19

(ФОТО) Хаос во Белград: Со „Хамер“ дивел во градот – удирал во се што ќе му се најде на патот

(ФОТО) Хаос во Белград: Со „Хамер“ дивел во градот – удирал во се што ќе му се најде на патот

Непознат маж со црн хамер со британски регистарски таблички, дивел во центарот на Белград, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, тој со хамерот прво го соборил семафорот, па удрил во киоск. Вработената во киоскот е полесно повредена.

Потоа возачот удрил во капија од куќа, предизвикал сообраќајки, па излегол од возилото и заминал во непознат правец.