Регион 13. јануари 2020. / 12:20

(ФОТО) Бутарис си стави нова тетоважа посветена на мандатот во Солун

(ФОТО) Бутарис си стави нова тетоважа посветена на мандатот во Солун

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, си стави нова тетоважа. Овој пат тој реши таа да го потсетува на неговиот девет годишен мандат како татко на градот.

За новата тетоважа, што всушност е симболот на Солун и периодот 2010-2019 додека беше градоначалник, Бутарис објави на неговиот „Твитер“ профил.

-Уште еден белег од мојот живот, напиша 77-годишниот Бутарис на неговиот „Твитер“ профил, објавувајќи фотографија од неговата нова тетоважа.