Во Лептокарија во Грција ноќеска околу 1 часот по полноќ се запалил автобус кој потполно изгорел. Автобусот со српски туристи се враќал од познатото туристичко место Егина, а во истиот имало 47 патници.
Српските медиуми пренесуваат дека за среќа никој не е повреден благодарение на возачот и неговата брза реакција. Како што се наведува на Фејсбук страната на „Грчка Инфо“ пожарот избувнал поради лошата инсталација во автобусот, по што набрзо се запалил и целосно изгорел