Регион 02. јуни 2020. / 15:52

Форбс објави листа на 20 најбезбедни пост корона дестинации, три се во Хрватска

Форбс објави листа на 20 најбезбедни пост корона дестинации, три се во Хрватска

Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на 20 европски дестинации за пост-корона патување, меѓу кои се најдоа Загреб, Ријека и Цавтат, а освен во Хрватска со повеќе од едно одредиште на овој попис се најдоа и Грција и Португалија.

На прво место е Тбилиси, главниот град на Грузија, додека на второ место е грчкиот остров Крф, а зад Цавтат на четврто и пето место се португалските Азорски острови, односно грчкиот Превеза. На пописот уште се и Котор, Варшава, Виена, Бохињ, Малта и други.

Цавтат како најдобро рангиран од Хрватска, опишан е како омилено место за славни личности, семејства и љубителите на добрата гастрономија, култура, природа и водени спортови, додека Загреб е на осмото, а Ријека на 12 место.