Регион 21. мај 2020. / 15:30

Фондот за здравствено осигурување на Словенија е во минус од 129 милиони евра поради епидемијата

Фондот за здравствено осигурување на Словенија е во минус од 129 милиони евра поради епидемијата

Фондот за здравствено осигурување на Словенија објави дека поради епидемијата на корона вирусот и падот на економијата годината ќе ја завршат со 129 милиони евра минус на сметката.

Раководството на Фондот предложи загубата да ја покрие државата.

Оттаму предупредија дека ако тоа не се случи може последните месеци на годината да биде загрозено нормалното функционирање на Фондот.

Според нивните пресметки, главната причина за негативното салдо е значително намалените приходи поради целокупниот пад во стопанството.