Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.
Таа изјави дека сака земјите од Западен Балкан да бидат што е можно поблиску до Европската Унија.
– Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ. – порача Фон дер Лаен.
Таа во текот на претставувањето на својот тим од еврокомесари и нивните задолженија нагласи дека ресорот соседска политика и проширување му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањиј имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и неа, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.
– Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето. – порача идната претседателка на ЕК.
Урсула фон дер Лаен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се јасни, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.