Албанската мафија е сè повеќе присутна во Франција, а нејзините мрежи се особено активни кога станува збор за провали, кражби, шверц на дрога и на мигранти, пишува парискиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на податоци од административните одделенија на Министерството за правда.
Албанските мафијаши се надеваат дека еден ден ќе имаат корист од евентуалното пристапување на Албанија во Европската унија, по што во Франција уште повеќе би ги развиле своите активности, пренесува францускиот дневен весник.