И покрај корона кризата, исклучително скапи автомобили беа увезени во Босна и Херцеговина минатата година.
Најскапиот е Ферари Писта, кој чинел повеќе од 300.000 евра, пренесува Српскаинфо.
Ферари 488 Писта стана вистинска медиумска атракција во средината на минатата година и беше напишано дека сопственикот е од Груде, градче на самата граница на БиХ со Хрватска. Според податоците на Управата за индиректно оданочување, ова е најскапиот автомобил увезен во Босна во последните 10 години.
Лицето платило 272.000 евра за автомобилот без даноци, а само давачките за него изнесувале дополнителни 46.000 евра, пишува порталот Кликс.
На второ место е Ламборџини Урус вреден околу 240.000 евра, проследен со друг Урус од приближно 190.000 евра. На четвртото место е Бентли Континентал ГТ вреден 166.000 евра, а на остатокот од списокот доминира Мерцедес со серија свои варијанти на АМГ.