Регион 20. мај 2020. / 16:54

Фабриката на Рено во Словенија отпушта 400 вработени

Фабриката на Рено во Словенија отпушта 400 вработени

Фабриката за автомобили Ревоз од Ново Место, Словенија ќе отпушти близу 400 од моментално 3.200 вработнени, објави во средата словенечката компанија во сопственост на француски Рено.

До ваквата одлука дошло заради силниот пад на продажбата, односно состојбата на пазарот за автомобили во светот, што е директна последица од кризата предизвикана од новиот корона вирус, веведуваат од управата на фирмата, која е најголемиот втаботувач во тој дел од Словенија, пренесува Ал Џезаира, повикувајќи се на Хина.

Дополнително, фабриката ја укинува ноќната смена со што производството ќе се сведе на 150 возила дневно.

Фабриката „Ревоз“ заради епидемијата со Ковид-19 во средината на март го стопираше производството на шест седмици, а повторно почна да работи на почетокот на мај.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, компанијата на прво место ќе ги откаже договорите со работниците кои се вработени на определено време преку агенцијата за вработување, а меѓу нив има и странски работници.