Регион 18. јуни 2018. / 13:32

Европската комисија останува неутрална по спорот за границата меѓу Словенија и Хрватска

Европската комисија останува неутрална по спорот за границата меѓу Словенија и Хрватска

Европската комисија ќе остане неутрална и нема да ја поддржи Словенија во најавената тужба против Хрватска пред Судот на ЕУ, поради неспроведување на арбитражната пресуда за границите, потврди портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас.

-Комисијата ќе продолжи да дејствува како посредник во изнаоѓањето на пријателско решение. Остануваме на ставот дека решението треба да се пронајде со разговор меѓу двете држави членки. Комисијата нема да објави никаков извештај по повод словенечкото писмо кое се однесува на членот 259.-рече Шинас на конференцијата, пренесува Вечерњи лист.

Тој не сакал да коментира дали правните служби на Комисијата интерно упатиле сугестија до европските пратеници дека словенечкиот аргумент има основи.

Денеска истече рокот ЕК да се изјасни по барањето на Словенија, против Хрватска да биде покрената постапка поради неспроведување на арбитражната одлука за разграничување на двете држави и хрватскиот одговор на тоа барање.