Регион 30. октомври 2019. / 14:31

Европската комисија и Косово ќе соработуваат во борбата против тероризмот

Европската комисија и Косово ќе соработуваат во борбата против тероризмот

Косово и Европската комисија ќе потпишат спогодба во рамки на заедничкиот акциски план против тероризмот со Западниот Балкан со што Косово ќе стане третата земја од регионот што ќе потпише ваков договор.

Со овој аранжман се идентификуваат главните области на кои косовските власти ќе треба да работат во текот на оваа и идната година за поефикасно спречување на терористичките активности. Косово, како и другите земји потписнички од регионот, треба да редовно да ја известуваат Комисијата за напредокот во имплементацијата на акцискиот план.

Акцискиот план за Западниот Балкан беше потпишан во октомври 2018 и обезбедува рамка за борба против тероризмот и спречување на насилниот екстремизам.