Регион 12. декември 2019. / 15:47

Европратеникот Ангел Џамбаски фатен пијан зад волан

Европратеникот Ангел Џамбаски фатен пијан зад волан

Европратеникот од редовите на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, е фатен како вози со алкохол во крвта, јавуваат бугарските медиуми.

Настанот се случил на 7 декември, но дури денеска е обелоденет. Џамбаски бил сопрен за проверка од страна на полицијата во Самоков.

Според извори од МВР, Џамбаски имал 1,5 промили алкохол, но тој побарал проверка на крвта.