Регион 24. јуни 2018. / 19:22

Еве што и посакува Грција на Република Македонија

Еве што и посакува Грција на Република Македонија

„Единственото решение за Скопје“ поделба на четири кантони: грчки, муслимански, српски и бугарски. Ова е заклучкот од расправата на грчката национална телевизија ЕРТ.

Картата на која Македонија е поделена на четири дела, е направена на извесен „ЗОДАС ИНСТИТУТ“ кој се занимавал со етно-историските и геостратешките проблеми на Балканот. Немаме информации за имињата и квалификациите на гостите во емисијата, но самиот факт дека ова се случува на државната телевизија на Грција, е проблем кој не би требало да се игнорира.