Десетици граѓани по наредба на властите се евакуирани од поплавените куќи во западниот дел од Грција.
Поплавите по последната бура ги оштетиле патиштата во близина на градовите Нафпактос и Патра, а главниот пат беше затворен неколку часа. Засега нема извештаи за повредени или исчезнати.
Седум лица, од кои шест туристи и две деца, загинаа, а повеќе од стотина беа повредени во четвртокот кога бурата го погоди полуостровот Халкидики.
Во рок од неколку дена Грција ја погоди невреме, земјотрес, а сега имаат и поплави.